Путин навреден од обвинувањата за мешање во американските избори, ќе има реципрочни мерки за САД

Рускиот претседател Владимир Путин го навредиле обвинувањата дека Русија наводно се мешала во ланските американски избори, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во саботата по кусата средба со Путин на маргините од самитот APEC во Виетнам.

„Можете да ме прашувате колку пати сакате… рече дека апсолутно не се мешал во нашите избори“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во претседателскиот авион „Аir Force One“ за новинарите кои го придружувале на летот од виетнамското летувалиште Дананг до главниот град Ханој.

Рускиот претседател Владимир Путин подоцна пред странските новинари повторни таквите обвинувања за наводното мешање на Москва во американските претседателски избори од ноември 2016 година токму во полза на Трамп ги нарече апсурдни.

Американското министерство за правда ги испитува таквите наводи, како и оние за наводно договарање на кампањата на Трамп со Руси.

Путин ги отфрли наводните врски меѓу поранешниот шеф на кампањата на Трамп, Пол Манафорт и руски функционери велејќи дека тоа го измислиле опонентите на Трамп клако оружје против него.

„Сето тоа во врска со ткн руско досие во САД е показател за внатрешнополитичките борби“, истакна Путин на прес-конференцијaта во рамките на APEC.

„Тој (Путин) рече дека не се мешал. Рече дека не се мешал. Повторно го прашав тоа“, рекол Трамп уште пред новинарите на летот за Ханој. Додал дека Путин „тоа го навредило, што не е добро за нашата земја“.

Путин изјави, пак, дека водел нормален дијалог со американскиот претседател на самитот, опишувајќи го Трамп како одмерен а и образована личност и пријатен соговорник.

Рече и дека има потреба од натамошни руско-американски контакти, на ниво на шефови на државите и на нивните функционери, во текот на коишто ќе се расправа за натамошниот безбедносен и економски развој.

Рускиот претседател истакна дека е разочаран од санкциите и рестрикциите коишто САД го воведоа за руските медиуми кои работат на американска територија, оценувајќи го тоа како напад врз слободата на говорот.

„Сакам да ве потсетам дека нема никаква потврда за тоа дека руските медиуми посредувале или се мешале во изборната кампања“, порача Путин.

Путин, исто така, предупреди дека руските мерки за одговор ќе бидат пропорционални и реципрочни. Рускиот парламент расправаше и за противмерките како одговор на ограничувањата коишто САД ги воведоа за руската меѓународна телевизија Russia Today во Америка. Пратениците најавија дека некои американски медиуми во Русија би можеле да бидат подведени под категоријата „странски агенти“ со коишто се означуваат лицата кои примаат пари од странство и работат за странски организации и невладини тела и да ги принудат редовно да ги објавуваат своите извори и височината на финансирањето.

Претходно во саботата во заедничкото соопштение што го објави Кремљ, беше наведено дека Путин и Трамп се договориле за заедничко продолжување на борбата против џихадистичката организација Исламска држава до нејзиниот целосен пораз. Бил потврден и територијалниот интегритет и независноста на Сирија, како и дека нема воено решение за конфликтот во оваа земја. Исто така, двајцата челници зборувале и за ситуацијата во Украина но за тоа немаше опширен извештај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.