Путин: Не губиме надеж дека либискиот судир ќе биде решен

97

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во недела по средбата со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган пред почеткот на берлинската конференција посветена на Либија, дека се надева дека таа ќе донесе напредој, додавајќи дека руските мировни напори дале првични резултати.

„Не губиме надежи дека дијалогот ќе продолжи и дека судирот ќе биде решен“, изјави Путин и додаде дека Русија и Труција преземале „многу успешен чекор“ барајќи од либиските завојувани страни да ги запрат борбите, додавајќи дека големите воени акции во Либија се запрени.

Ердоган, пак, истакна дека генералот Калифа Хафтар кој ја води Либиската народна армија (LNA) и кој од април 2019 година води офанзива за освојување на Триполи, кое е седиште на меѓународно признаената Влада на националното единство ( GNA), мора да се откаже од својот „агресивен став“ за да отвори пат за политичкиот процес.

„Хафтар не го потпиша договорот, што ни покажува дека не е поборник на мировниот процес, туку се стреми кон воено решение на конфликтот. За да се спроведат другите фази од политичкиот процес и да дојде до решение, мора да престане агресивниот став на Хафтар“, рече Ердоган пред средбата со Путин.

Според турскиот претседател, за осигурување на мирот во Либија на берлинската конференција мора да се осигури примирје и да се изнајде политичко решение за прашањето. Ердоган истакна, дека заедничките напори на Турција и Русија го овозможиле одржувањето на Берлинската конференција.

Челниците на клучните земји вклучени во судирот во Либија се среќаваат во недела во Берлин за да се обидат да ги постават темелите на мирот во североафриканската земја. Домаќин на Конференцијата е Германија, а во Берлин меѓу другите се и францускиот претседател Емануел Макрон и претстедателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

На собирот пруситни се и либискиот маршал Калифа Хафтар, чие седиште е во источниот град Тобрук, и неговиот ривал Фајез ал-Сараџ, чија влада заседаа во Триполи. Имаше дилеми, но во саботата ноќта беше потврдено дека Хафтар допатувал во Берлин.

Либија по соборувањето од власта на Моамер ел-Гадафи во 2011 година, е поделена меѓу меѓународно признатата влада на Фајез ал-Сараџ во Триполи и владата на Абдула Абдулрахман ал-Тани со седиште во Тобрук, на истокот од земјата која е поддржана од Либиската национална армија (LNA), добро вооружена групација од поранешни војници и офицери лојални на маршалот Калифа Хафтар.

На Берлинската конференција се очекува повик на целосно и трајно запирање на непријателствата на теренот, како и дискусија за евентаулно испраќање меѓународни сили за контрола на состојбата. Оваа идеја особено е во оптек откако силите на Хафтар го блокираа извозот на либиската нафта, чиј дневен обем се проценува на 50 милиони долари.

Папата Франциск изради надеж дека Берлинската конференција за Либија ќе доведе до стабилизација на судирите во земјата.

„Навистина се надевам дека овој сами, многу важен, ќе биде почеток на патот кон завршување на насилството, испреговарано решение кои ќе доведе до мир и толку посакуваната стабилизација на земјата“, порача во неделната порак во Ри.

Пред средбата претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, порачла дека мирот во Либија е клучен за Европската унија.

„Моментот да се зацврти примирјето, почитување на ембаргото за оружје на ОН и повторното покренување на политичкиот пороцес, Тое е она што му треба на народот на Либија и е клучно за безбедноста и стабилноста на ЕУ“, напиша Мишел на Twitter заблагодарувајќи ѝ на германскта канцеларка Ангела МЕркел за организација на самитот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.