Путин не исклучува воен сојуз со Кина

52

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес дека нема потреба од руско-кинески воен сојуз сега, но дека може да се склучи во иднина.

– Нам (сојузот со Кина) не ни треба, но теоретски, сосема е можно да се замисли, рече Путин на прашањето за можноста за воен сојуз меѓу Москва и Пекинг, за време на видео-конференција со меѓународни експерти за надворешна политика.

Изјавата на Путин укажува на продлабочување на врските меѓу Москва и Пекинг, во време на растечки тензии во односите меѓу двете сили и САД.

Русија и Кина развија „стратешко партнерство“, но досега ја исклучија можноста за формирање воен сојуз.

Путин потсети на заедничките воени вежби на Русија и Кина, и додаде дека Москва споделува воени технологии што значително придонеле за зајакнување на кинескиот воен потенцијал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.