Путин нема да прави воен сојуз со Кина

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва и Пекинг не планираат да воспостават воен сојуз.

„Ние не сме во воен сојуз со Кина и немаме планови да го формираме“, нагласи Путин на годишната прес-конференција во Москва.

Тој додаде дека е контрапродуктивно и нема да донесе никакво добро насјтојувањето на САД, Јапонија и на Јужна Кореја за формирање воен сојуз.

Путин рече дека Русија ипомага на Кина да воспостави ракетен систем за рано предупредување што ќе дејствува строго како одбранбена алатка.

„Нашата соработка со Кина се развива во сферата на одбранбената технологија“, кажа рускито престедател.

Според него, Кина е земја со развиена технологија, меѓутоа ова е прашање кое бара многу време за да се спроведат одредени проекти.

„Мислам дека Кина е способна самата да направи ракетен систем за рано предупредување“, истакна Путин, но додаде дека тоа може да го направи побрзо со помош на Русија.

„Тоа ќе ги подобри одбранбените способности на нашиот стратегиски партнер“, кажа тој.