Путин: Нема потреба за дополнително регрутирање војници

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека не е потребно дополнително регрутирање војници во рамки на делумната мобилизација, пренесува РИА Новости.

Во текот на состанокот на претседателот на Русија и мајките на војниците кои учествуваат во специјалната воена операција во Украина, а на констатација на една жена од Красондар дека има четири сина, и двајца од синовите и сопругот учествуваат во специјалната воена операција како доброволци, Путин ја појасни ситуацијата.

„Нема потреба, нема потреба доста ни е“, одговори Путин и додаде дека би требало да и се врати еден од синовите.

„Тие веќе се бореа на фронтот“, рече Путин.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.