Путин одлучи – Русија ќе испрати авиони да ги гаснат пожарите во Грција

Со одлука на претседателот на Русија Владимир Путин, Москва го прифати грчкото барање за испраќање дополнителни воздушни средства во Грција за гаснење на пожарите, соопшти преку „Твитер“ руската амбасада во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкото барање, претходно го пренесоа премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис и министерот за надворешни работи Никос Дендиас во телефонскиот разговор со нивните руски колеги Михаил Мишустин, односно Сергеј Лавров.

По позитивниот одговор од Москва, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милитадис Варвициотис телефонски разговарал со рускиот министер за транспорт Витали Савелиев за да го прецизираат грчкото барање за испраќање на два руски авиони Ил-76 и два хеликоптери Мил Ми-8, што дополнително ќе помогнат во гаснењето на пожарите.