Путин: Општата состојба во зоната ОСКБ е нестабилна

Настаните во Нагорно Карабах, Белорусија и Киргистан ја искомплицираа општата состојба во областа на одговорност на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОСКБ) и ја направија нестабилна, оцени денеска рускиот претседател Владимир Путин.

– Тука мислам на вооружениот конфликт што избувна во Нагорно Карабах во септември, во кој учествуваше земја членка на нашата организација, и на постизборните настани во Белорусија кои се најдоа под надворешен притисок без преседан, и на внатрешната политичка ситуација во Киргистан – рече Путин на видео-самитот на ОСКБ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.