Путин оваа недела ќе го посети Крим

Рускиот претседател Владимир Путин оваа недела ќе патува за Крим, Украина каде ќе се состане со највисоките претставници за безбедноста, а поканата да патуваат со него е упатена и до членовите на Владата и Парламентот.

Прес службата на рускиот претседател, соопшти дека Путин ќе преседава со состанокот на членките на Советот за безбедност кој е закажан за на 13-ти август во Севастопол.

Следниот ден, ќе се разгледуваат клучните внатрешни прашања, вклучувајќи го и прашањето за Крим.

САД и Европската Унија воведоа санкции за Русија, по анексите за Крим во март.