Путин повторно избран за политичар на годината во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин стана по трет пат политичар на годината во својата земја. Триесет и два проценти од учесниците во анкетата на Фондот за јавното мислење,(ФОМ), го посочиле како „најистакнат политичар или јавна личност“ во 2013 година, пишува „Комерсант“.

Дури протестниот бран во 2011-2012 година не доведе на руската политичка сцена нови дејци од општонационални размери, коментираат социолозите од ФОМ. Опозиционерот и поранешен кандидат за градоначалник на Москва, Алексеј Навални добил само еден процент од гласовите.

По Владимир Путин со 32 проценти на второ место на листата е министерот за одбрана, Сергеј Шојгу и лидерот на либералдемократите Владимир Жириновски, кои добиле по шест отсто од гласовите.

На третото место во рангирањето за политичар на годината во Русија со по два отсто од гласовите, се премиерот Дмитриј Медведев , лидерот на комунистите Генадиј Зјуганов и лидерот на партија „Граѓанска платформа“, Михаил Прохоров, милијардер и поранешен претседателски кандидат.