Путин: Подготвен сум за дијалог со Обама

Рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека Русија е подготвена за дијалог со САД, бидејќи тоа е најдобриот пат за постигнување взаемно разбирање.

-Секогаш сум подготвен за дијалог и сметам дека тоа е најдобриот начин за создавање мостови. До сега со ние само телефонски разговаравме.Немам основа да верувам дека американскиот претседател не сака да разговара со претседателот на Русија, но на крајот на краиштата тоа е негов избор, посочи Путин.

Истовремено рускиот претседател потенцирал дека Вашингтон на надворешно-политичката сцена продолжува да дејствува на крајно агресивен начин.