Путин порача дека односите со Лондон треба да се подобрат по заминувањето на Меј

Рускиот престедател Владимир Путин рече во четвртокот дека е расположен за почеток на нови односи со Велика Британија по заминувањето на премиерката Тереза Меј, и повика да се „сврти страницата со шпионите“ во односите со Лондон, а таа експресно одговори дека подобрувањето на односите со Москва зависи од руската страна и доколку Русија „го промени своедно поведение“.

„Треба да се сврти таа страница поврза со шпиони и напади“, оцени Путин во текот на средбата со првите луѓе на неколку новински агенции на маргините од Петербуршкиот меѓународен економски форум.

Путин истакнал дека очекува оти „антируските чувства во Велика Британија нема да бидат вештачки надувани, туку, напротив, ќе биде направен избор во полза на развојот“ на британско-руските односи и соработката. Уверува дека Москва е подготвена за таков развој на настаните и додава дека тој многу сака „личноста која ќе ја води владата (по заминувањето на Меј) да ги земе предвид и интересите на 600 британски компании кои работат во Русија“.

Поранешниот двоен руско-британски разунавач Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулина во март 2018 година во парк во англискиот град Солзбери беа најдени заторуени од токсичен агенс, за кој британските служби рекоа дека се викал „новичок“ и дека бил правен во поранешниот Советски сојуз. Лондон ги обвини руските тајни служби дека наводно биле вмешани во труењето на поранешниот полковник на военото разузнавање ГРУ кој во Русија беше осуден на долг затвор поради шпионирање во полза на Велика Британија, но потоа разменет со САД за руски државјани. Москва демантираше каква и да е одговорност со случајот, како и дека тој нерген агенс некогаш бил правен во Русија, но тој предизвика незапаметена дипломатска криза.

Велика Британија која минува низ сериозна политичка криза со премиерката Тереза Меј која во петокот ќе поднесе оставка, одговори дека новите односи не доаѓаат предвид додека Русија не го промени ставот. Портпаролот на Меј за Reuters одговорил дека „рускиот модел на однесување е агресија и дестабилизација – нарушување на намерите за остварување на одговорното меѓународно партнерство“.

Лондон, сигурно ќе продолжи да разговара со Москва по прашањата од меѓународната безбедност, бидејќи тоа е во интерес на Велика Британија, истакна портпаролот, но додал и дека „премиерката повеќепати укажа дека не можеме да имаме поинаков однос доколку Русија не го промени својот став“.