Путин порача дека е можно Русија да му испорачува гас на Пакистан

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четвртокот дека многу се можни испораките на рускиот гас во Пакистан, бидејќи дела од инфраструктурата е веќе подготвена пренесе агенцијата РИА во врска со средбата со пакистанскиот премиер Шабаз Шариф на маргините од самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС – SCO) во узбекистанскиот град Самарканд.

„Премиерот ја повтори пакистанската доследност на блиската соработка со Русија со цел таа дополнително да се прошири и зајакне во сите области кои се од благосостојба на двете земји, вклучително безбедноста на храната, трговијата и инвестициите, одбраната и безбедноста“, соопшти кабинетот на Шариф.

Двајцата челниците договориле скорешен состанок на меѓувладини комисии кој ќе се одржи во пакистанската престолнина Исламабад.

Долго одложуваниот гасовод до Пакистан, познат како Север-Југ, ќе биде дограден во соработка со руски компании, додаваат од кабинетот на пакистанскиот премиер.

Двете држави уште во 2015 година договорија изградба на 1.100 километри долгиот гасовод, преку кој би се превезувал течен природен гас (LNG) од пристанишниот град Карачи до постројките во покраината Пенџаб, на североистокот од земјата,

Годишниот капаците на овој гасовод според првичните процени би изнесувал 12,4 милијарди кубни метри гас годишно, со можност за проширување до 16 милијарди кубни метри гас. Тоа е за околу четири ипол пати помало количество отколку што Русија испрачуваше во Европа само преку гасоводот Северен тек 1 кој има капацитет до 55 милијарди кубни метри гас годишно, а кој Москва го запре поради западните санкции поради војната во Украина.

Гасоводот во Пакистан, земја со повеќе од 220 милиони жители, требаше да биде ставен во функција во 2020 година, но тоа беше одложено затоа што Русија мораше да го замени првичниот соинвеститор, поради уште тогаш воведените западни санкции.

Шариф рекол и дека Пакистан е заинтересиран следните седмици да купи пченица од Русија, доколку ѝ биде понудена по подобра цена.

Претходникот на Шариф, Имран Кан ја посети Москва во февруари токму на денот на почетокот на руската офанзива во Украина. Кан тврди дека на таа посета гневни биле САД кои потоа ги обвини дека се одговорни за неговото соборување од власта. Покрај тоа, Кан тогаш ги одби притисоците Пакистан да се придружи на осудата на Русија поради војната во Украина, и не воведе санкции.