Путин порача дека не ги предложил уставните измени за зголемување на овластувањата

Уставните измени предложечни од преседателот до парламентот се потребни за да се изгради единствен систем на власта, а не за проширување на овластувањата на шефот на државата, изјави во вторникот рускиот претседател Владимир Путин.

„Во суштина, кај нас според уставот локалната власте не е поврзана директно со државата, но мора да има унифициран систем на власта, така што погорните нивоа на власта ќе бидат одговорни за она што се случува подолу. А оние кои работат на локалните новоа би биле поврзани со земјата и нејзините интереси. Истата работа е и во многу други области и затоа го предложив тоа, а не со цел да ги зголемам своите овластувања“, го цитира агенцијата ТАСС Путин кој се сретнал со претставниците и жителите на една општина во внатрешноста.

Според него, измените во рускиот устав предложени пред федералниот парламент, ги диктира животот.

„Амандамните што ги предложив, според моето мислење, едноставно ги диктира животот. Моите колеги поставија неколку прашања за областите во кои тие се стручни и чувствуваат дека може да се направи уште за да се подобри ситуацијата. Истото е со амандманите кои ги предложив, како претседател и претседател на владата ми стана јасно дека некои работи не функционираат како што треба“, рекол Путин.

Рекол дека е против идентификацијата на серускиот референдум за уставните измени со проширувањето на неговите овластувања на претседателската должност. Според Путин, колку поширока ќе биде дискусијата за уставните измени, толку ќе биде поприфатен основиот закон на земјата.

„Не би сакал да се ангажирам, тоа е сигурно, ниту во амандманите ниту во нешто друго. Сѐ треба да биде соодветно организирано. Но фактот што дискусијата се разви на толку широк фронт ме радува, затоа што колку повеќе луѓе бидат вклучени во овој процес, толку повеќе народен ќе биде Уставот и измените, што ги предложивме“, рекол Путин.

За него гласањето за уставните измени ќе биде највисока форма на деморкатијата.

„Сенародното гласање во суштина е плебисци. Тоа, пак, по својата суштина е волјата на граѓаните. Затоа и го предложив така, овие измени да бидат усвоени или отфрлени. Доколку бидат прифатени, тогаш никој не може да негира“, рекол Путин додавајќи дека тоа е највисоката форма на демократијата.

Путин притоа истакнал дека изјаснувањето на граѓаните за уставните измени не треба да биде начин за продолжување или проширување на овластувањата на претседателот, а изборот на шефот на државата треба да се одржи во поинаков простор.

„Тоа е изјаснување на граѓаните. Но дали е потребно да се прошират надлежностите на претседателот на овој начин? Мислам дека не, затоа што ако зборуваме за избор на шефот на државата, тоа треба да се направи на поинаква основа“, рекол Путин.

Изјаснувањето на Русите треба да биде последната точка при носењето одлуки за измените на Уставот, додал. Изразил надеж дека подготовката на уставните измени ќе трае помалку од три месеца.