Путин порача дека Русија ќе возврати ако НАТО постави инфраструктура во Финска и Шведска

 

Рускиот претседател Владимир Путин во средата ноќта по завршувањето на Каспискиот самит изјави дека Русија ќе одговори со иста мерка доколку НАТО распореди трупи и воена инфраструктура во Финска и Шведска, откако во средата двете земји добија официјална покана да се придружат на воениот блок предводен од САД.

„Со Шведска и Финска немаме проблеми, какви што, за жал, ги имаме со Украина. Тие сакаат да му се придружат на НАТО… Немаме ништо што би можело да нѐ загрижи во однос на членството на Финска и Шведска во НАТО. Сакавте, повелетеќ“, рече Путин во етерот на руската јавна телевизија по разговорите со челниците на државите од централна Азија во Туркменистан.

„Меѓутоа, ние мораме јасно да кажеме и мора да сфатат, претходно немаше закана, дека во случај на распоредување на воен контингент и инфраструктура, ќе мора соодветно да одговориме и да ги создадеме истите закани за териториите од кои нам ни се создаваат закани“, додаде Путин.

Посочи дека е неизбежно дека сега односите меѓу Москва со Стокхолм и Хелсинки ќе се влошат до извесен степен поради нивното членство во НАТО.

Путин, исто така, ја нарече „лажна“ и оти „нема никаква врска со реалноста“ тезата дека целта на Русија да ги оддалечи силите на Северноатлантската алијанса од своите граници со воената операција во Украина спречувајќи го Киев да влезе во НАТО дека довело до спротивното и Алијанската преку Финска и Шведска да дојде директно на границата на Русија долга 1.400 километри.

„За нас членството на Финска и Шведска во НАТО воопшто не е исто како и членството на Украина, тоа се сосема различни работи . Тие многу добро го разбираат тоа. Едноставно ја нафрлуваат ова а теза во нивното јавно мнение за да покажат дека Русија не сакала но сега добила двојно (присуство на НАТО). Не. Тоа е сосема поинаква работа“, рече Путин.

Во Финска и Шведска на почетокот од април, во заднината на руската офанзива во Украина, се интензивираа повиците и иницијативите по децениската воена неутралност и добри односи со Русија но истовремено и долги години тесна воена соработка и одржување заеднички воени вежби и официјално да побараат членство во НАТО, што е поддржано во прв ред од САД.

Путин ја даде изјавата ден откако Турција се откажа од ветото за двете скандинавски земји да се придружат на НАТО. Трите земји на самитот на НАТО во Мадрид постигнаа договор со кој се наводно надминати прашањата и загриженоста на Турција за поддршката на Финска и Шведска на членови на курдските милитантни организации.

Путин додаде дека целите на она што Москва го нарекува „специјална воена операција“ во Украина останале непроменети, како и дека целта е „да се ослободи“ источната украинска доминантно руска и рускојазична област Донбас и да се загарантира безбедноста на Русија.

Додаде дека турските единици напредуваат во Украина и ги остваруваат поставените цели, како и дека воената интервенција тече според планираното.

„Нема потреба да се поставува ром за завршување на кампањата“, одговори Путин.

Русија не напаѓа цивилна инфраструктура, рече Путин коментирајќи го ракетирањето во Кременчук, како што тврди Киев дека е погоден наводно трговски центар во кој загинале најмалку 18 цивили а Москва рече дека бил гаѓан магацин со оружје и муниција во близина на трговскиот центар кој во тој период бил празен.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.