Путин потпиша указ со кој воен рок ќе можат да служат и Русите со двојно државјанство

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша во понеделникот указ со кој им се овозможува на Русите со двојно државјанство да служат во вооружените сили на земјата, пишува Москоу Тајмс.

Изменетата регулатива сега значи дека оние кои имаат статус на постојан престој во странство може да се пријават да и да бидат регрутирани според психо-физичката состојба во армијата.

Граѓаните со двојно државјанство претходно беа ослободени од служење воен рок.

ПРетходно беше објавена делумна мобилизација на руските воени обврзници за поддршка на силите на украинското боиште. Министерот за одбрана Сергеј Шојгу рече дека Русија ќе регрутира 300.000 резервисти или малку повеќе од 1 отсто од вкупниот резервен состав. Тоа беше прва мобилизација во Русија по Втората светска војна.