Путин потпиша закони: Затвор за отуѓување руски територии

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша пакет закони со кои се воведуваат затворски казни за отуѓување на руски територии.

Со закон се воведуваат и административни казни за јавни повици за отуѓување руски територии.

Кривичниот законик сега ќе биде проширен со нова клаузула – кршење на територијалниот интегритет, која предвидува казна од 10 години за отуѓување руски територии или други дејствија насочени кон кршење на територијалниот интегритет, со исклучок на разграничување и повторно разграничување на државната граница со соседните држави.

Според Одборот на Советот на федерацијата за законодавство и изградба на државата, луѓето кои ќе бидат фатени јавно да повикуваат на отуѓување територии ќе се соочат со административни казни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.