Путин потврди дека ја примил втората доза од вакцината против Covid-19

Рускиот претседател Владимир Путин информираше во средата дека ја примил и втората компонента од вакцината протви коронаворусот, но сѐ уште не откри со кој од трите руски препарати против Covid-19 се имунизирал.

„Штотуку ја примив втората доза. Се надевам дека сѐ ќе биде добро. Дури и убеден сум“, изјавил Путин на средбата со членовите на географскиот совет пренесуван од медиумите.

Рекол дека по примањето на првата доза се чувствувал добро, освен што неколку дена почувствувал мала непријатност во левото рамо. На Путин долго време му беше забележувано зошто не се вакцинира јавно како повеќето светски челници, на што тој одговори дека станува збор за лична одлука, како и дека не сака да протежира која и да е вакцина.

Притоа рускиот челник изразил надеж дека и другите учесници на состанокот ќе го следат неговиот пример „поради грижата за себеси и своите најблиски“. Путин, исто така, додал дека се надева оти пандемијата наскоро ќе стивне, благодарејќи и на вакцините против коронавирусот.

„Се надевам дека пандемијата наскоро ќе се повлече, вклучително и благодарението на вакцинацијата, којашто активно ја спроведуваме“, рекол Путин.

Првата компонента од вакцината Путин ја прими на 23-ти март. За која вакцина станува збор, ниту самиот руски претседател ниту неговите соработници не соопштија, објаснувајќи дека сите три домашни вакцини се ефикасни и безбедни.

Во Русија се регистрирани три вакцини против коронавирусот. „Спутник V“ беше првиот препарат кој беше одобрен во светот а се базира на платформа на два различни човечки аденовирусни вектори. Вакцината „ЕпиВакКорона“ беше втората вакцина, таа не содржи жив вирус и го гради иминутетот преку користење вештачки синтетизирани пептиди. Третата е „КовиВак“, која е и третата вакцината според платформата на која е направена, и се базира на „убиен“ коронавирус.

Првите две вакцини се дозволени за лица повозрасни од 60 години, а третата сѐ уште не е достапна за оваа возрасна група. Интервалот меѓу дозите кај „Спутник V“ според упатствата треба да биде 21 ден, за „ЕпиВакКорона“ од 14 до 21 дена, а за „КовиВак“ 14 дена.