Путин предупреди дека САД се сѐ повклучени во војната во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин во средата предупреди дека САД се сѐ повклучени во војната на Украина против Русија, како и дека направиле голема грешка тајно испорачувајќи ѝ ги ракетите ATACMS со дострел од повеќе стотици километри.

Путин на прес-конференцијата во текот на посетата на Кина реле дека на кинескиот претседател Кси Џинпинг му пренел „некои поединости“ за Украина. Рече и дека „надворешните фактори“ и „заедничките закани“ послужиле само за јакнење на руско-кинеската соработка.

Рускиот претседател рече дека одлуката на САД, иако негираше, тајно да ѝ испорача ракети ATACMS, што Киев го потврди во вторникот, „само ја продолжува агонија“ за Украинците.

„Прво, тоа само предизвикува штета и создава дополнително патење. Второ, ние секако ќе ги одвратиме тие напади. Војната е војна. Меѓутоа, најважното, на тоа фундаментално му недостигаат капацитети за и малку да ја менува ситуацијата на линијата на контактот. Тоа е уште една грешка на САД“.

Украина од почетокот на судирот од САД бараат системи ATACMS за да гаѓа цели и на руска територија, тврдејќи дека со тоа ќе ги прекине линиите за снабдување на руските единици во Украина, да напаѓа воздушни бази и железничката линија и на териториите кои се под контрола на руската војска.

Весникот The New York Times, повикувајќи се на неименуван висок американски функционер, претходно во вторникот објави дека САД на Украина ѝ предале околу 20 ракети ATACMS, но кои имаат дострел од 165 километри. Истовремено агенцијата Associated Press објави дека „помалку од десетина“ проектили кои би можеле да бидат лансирани од повеќе ракетни лансери HIMARS биле испратени во Украина.

Руските претставници во украинските региони на почетокот од седмицата објавија дека Бердјанск, во Запорошкиот регион, кој под контрола на руските сили, бил гаѓан со касетни проектили М74 содржани во ракетата ATACMS.

„Грешка од повисоко ниво, којашто сѐ уште не е видлив но е од голема важност, е што САД стануваат сѐ посилно лично вклучени во судирот. И никој нека не кажува дека немаат ништо со тоа. Ние знаеме дека имаат“, истакна Путин.

Рускиот претстедател истакна и дека е добро што ткн колективен Запад започнал да зборува за неопходноста за решавање на украинската криза по мирен пат, но не кажа примери за тоа.

Русија веќе подолго време вели дека е подготвена да преговара, но само доколку Киев ја прифати „новата реалност“, односно присоединувањето на најмалку една шестина од украинската територија, доминантно руско население. Меѓутоа, со продолжувањето на војната на речиси две години, се чини и дека целите на Москва во Украина се менуваат и се наметнуваат и на другите украински региони каде што е мнозинско руското и рускојазичното населние, како што е на пример областа на стратешкиот црноморски пристанишен град Одеса. Киев, од друга страна, инсистира на целосно повлекување на руските сили, вклучително и од Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година. Украина и нејзините западни сојузници, исто така, го отфрлија предлогот на Кина за посигнување мир.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.