Путин: Русија доследно се придржува на договорот за нуклеарното оружје

Русија, како држава потписничка на Договорот за неширење на нуклеарното оружје (NPТ), доследно ги следи неговите одредби, изјави во понеделникот рускиот претседател Владимир Путин, набрзо откако американскиот претседател Џо Бајден ги повика Москва и Пекинг на „итни лреговори“ за контрола на овој вид оружје.

„Како држава членка на NPT и една од нејзините потписнички, Русија секогаш се придржува до словото и духот на договорот. Нашите обврски од билатералните договори со САД за намалување и ограничување на ова оружје, исто така, се целосно исполнувани“, се вели во поздравното обраќање на Путин објавено на официјалната страница на Кремљ.

Путин во писмената изјава со којашто им се обрати на учесниците на конференцијата за Договорот за неширење на нуклеарното оружје (NPТ) посочи дека во нуклеарна војна нема да има победник и дека таков судир никогаш не би требало да биде започнат.

„Тргуваме од фактот дека во нуклеарна војна не може да има победник и дека таква војна не треба да се започнува. Заговараме еднаква и недделива безбедност на сите чинители на светската заедница“, пишува Путин.

Рускиот челник повторно истакнува дека Русија целосно ги исполнила своите обврски од билатералните договори со САД за намалувањето на нуклеарните боеви глави кои ги поседуваат двете суперсили.

Путин, исто така, смета дека сите земји кои се придржуваат до одредбите од договорот NPT, треба да имаа право на пристап до ткн „мирен атом“, односно цивилно користење на нуклеарната енергија без дополнителни услови, а дека Москва е подготвена да ги сподели своето искуство во областа на мирното користење на нуклеарната енергија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.