Путин: Русија е најзаинтересирана за прекин на крвопролевањето во Украина

Русија најмногу е заинтересирана за прекин на крвопролевањето во Украина, изјавил рускиот претседател, Владимир Путин.

– Русија има многу голем интерес овој конфликт да заврши брзо. Не знам дали постои друга земја освен Русија и Украина, која има толку голем интерес од прекинот на крвопролевањето и од стабилизирање на ситуацијата кај нашиот сосед. Русија во Украина има многу пријатели. Ние имаме посебни односи со Украина на историски план. Таму живеат многу руски граѓани. Треба се да направиме за итно да прекине воениот конфликт, истакна Путин, зборувајќи за украинската криза.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.