Путин: Русија не го контролира Сноуден

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва не контролира поранешниот работник на Агенцијата за национална безбедност (АНС), Едвард Сноуден, кој има привремен азил во Русија, пренесе „АП“.

Путин изјави дека сите откритија, објавени од Сноуден, произлегле од материјали, што тој ги има обезбедено пред да дојде во Русија. Претседателот потсети дека Русија му дала азил на Сноуден, под услов престане да им штети на САД.

Според рускиот претседател, тие двајца никогаш не се сретнале, а руските агенции за безбедност не работеле со него и не го испрашувале за ништо поврзано со активностите на АНС против Русија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.