Односот САД-Русија клучен за стабилноста во светот

Односите меѓу Русија и САД се „клучен фактор за гарантирање на стабилноста и безбедноста во светот, и покрај нашите разлики“, напиша рускиот претседател Владимир Путин во порака до својот американски колега Барак Обама по повод Денот на независноста на САД.

– Русија и САД се способни да пронајдат решенија за најтешките меѓународни проблеми и да се спротивстават на сите закани и предизвици во светот, напиша Путин во телеграмата објавена од Кремљ.

Русија е во конфликт главно поради украинското прашање. Москва го обвинува Вашингтон дека врши притисок врз Европа да наложи санкции на русија. Високи руски воени претставници го сметаат присуството на НАТО во Источна Европа за закана за безбедноста на Русија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.