Путин се заканува со забрането оружје, доколку такво се искористи против руските сили

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија има „доволни резерви“ на касетни бомби и дека Москва го задржува правото да ги употреби доколку такво оружје се употреби против руските сили во Украина.

Во интервју за државната телевизија, чии делови беа објавени денеска, Путин рече: „Се разбира, доколку се искористат против нас, го задржуваме правото да преземеме реципрочни мерки“.

Според него, Русија располага со значителни залихи на различни видови касетна муниција.

Тој додаде дека Русија сè уште не употребила такво оружје и покрај „извесниот недостаток на муниција“. Украина доби касетни бомби од Соединетите држави. Киев се обврза дека ќе ги користи само за ослободување на окупираните територии.

Касетната муниција е забранета со меѓународна конвенција ратификувана од 123 земји, со исклучок на САД и Украина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.