Путин се заложи за посилна СЗО, предложи конференција за вакцина против коронавирусот

Рускиот претседател Владимир Путин во своето обраќање во вторникот пред Генералното собрание на Обединетите нации изјави дека треба да биде зајакната Светската здравствена организација (СЗО –WHO), за да се координира глобалниот одговор на пандемијата на коронавирусот и преложи конференција на највисоко ниво за соработка во развој на вакцината.

„Предлагаме да се одржи онлајн конференција на високо ниво, којашто би се одржала наскоро, за земјите кои се заинтересирани за соработка во развојот на вакцината против коронавирусот“, изјави Путин.

„Ние сме подготвени да го споделиме искуството и да продолжиме да соработуваме со сите држави и меѓународни институции, вклучително и во снабдувањето на другите земји со руската вакцина која се покажа веродостојна, безбедна и ефикасна“, порача рускиот претседател.

Русија беше првата земја која даде регулаторно одобрување за вакцината против новиот коронавирус пред завршувањето на третата фаза од испитувањето, што беше критикувано на Западот од каде некои научници пројавија загриженост во поглед на безбедноста и ефикасноста на руската вакцина. Меѓутоа, САД и Велика Британија и другите западни земји, во прв ред, под притисок на нивните фарамцевтски индустрии кои претендираат нивните кандидати за вакцини да бидат масовно откупувани и субвенционирани до СЗО, сега исто така објавија дека ќе усвојат мерки кои ќе го забразаат одобрувањето на вакцините.

Путин во совоето досега најкусо онлајн обраќање на Генералното собврание на ОН, притоа ги критикуваше САД порачувајќи дека „укинувањето на нелигитимните санкции“ воведени против многу земји „би му помогнало на светот да закрепне“ од пандемијата на коронавирусот.

„Генерално, ослободувањето на светската економија од бариерите, забраните, ограничувањата и нелигитимните санкции многу би помогнале во ревитализацијата на глобалниот раст и намалувањето на невработеноста“ во светот, порача Путин.

Рускиот челник, исто така, предложи водечките земји во истражувањето на Вселената да потпишат обврзувачки договор со кој би се збаранило „поставување оружје, закана или употреба на сикла против вселенските објекти“.

Путин, исто така, рече дека смета оти продолжувањето на Договорот за ограничување на стратешкото офанзивно вооружување (СТАРТ), чија важност истекува во февруари 2021 година, е приоритет за Русија и САД.

Притоа Путин вети дека Русија ќе вложи „максимални напори да промовира мирно, политичко-дипломатско решавање на регионалните кризи и конфликти и да обезбедни стратешка стабилност“ во светот.

Исто така, Путин истакна дека прашањето за кибернетичката безбедност заслужуваат „најсериозно внимание“, поради тоа што според неговата оцена, „дигителната технологии, како и конвенционалното оружје, може да паднат во рацете на радикалите и екстремистите“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.