Путин седна во камион и прв се возеше по Кримскиот мост

Рускиот претседател Владимир Путин го отвори за сообраќај мостот кој ќе го поврзува Крим со Русија. Мостот ќе ја намали сообраќајната изолираност на полуостровот.

Тој им честиташе на руските градежници што успеале да го завршат мостот шест месеци пред рокот.

Кримскиот мост, долг 19 километри, е најдолг во Русија и Европа, и оди преку Кречкиот премин кој го раздвојува Азовското од Црното море и го поврзува полуостровот Керч на Крим со Таманскиот полуостров на југот на Русија.

Путин го пушта во сообраќај делот од мостот со четири ленти, покрај кој подоцна ќе се изгради и железнички дел со две пруги.

Изградбата на мостот, која почнала во 2016. година, руската држава ја доверила на милијардерот Аркадиј Ротенберг, кој е негов џудо-партнер.