Путин смени двајца полициски генерали за апсењето на новинарот Голунов

Иван Голунов, ноцинар на рускиот портал Медуза

Рускиот претседател Владимир Путин со указ им дал откази на шефот на одделот за наркотици при министерството за внатрешни работи на Москва, Јуриј Деветкин, како и на челникот на Директоратот за внатрешни работи во истиот оддел на руската престолнина, Андреј Пучков, по скандалот поради притворањето на новинарот Иван Голунов, соопшти на својата интернет страница Кремљ.

Новинарот на интернет ресурсот Медуза, Иван Голунов, кој во медиумите беше претставен како критичар на Кремљ, беше приведен на 6-ти јуни. Според московската полиција, во текот на претресот кај дописникот биле пронајдени пет пакувања од препаратот мефедрон. Забранетата супстанција била пронајдена и во неговиот стан. Новинарот притоа изјавил дека наркотиците му биле подментати.

Случајот го презема московскиот омбдусман, Татјана Потаева. Канцеларијата на јавниот обвинител и помошникот на московската полиција, исто така, објавија дека ќе ги испитуваа околностите за овој настан. Притоа беше демантирана информациите пренесени во некои руски и особено во странските медиуми, дека во текот на сослушувањето полициските службеници го тепале новинарот. Медицинските претраги во болницата во која бил пренесен Годунов откако се пожалил дека не се чувствува добро, не откриле скрешници на ребрата и потрес на мозокот, во што се сомневале лекарите од службата за итна помош.

Првично со судска одлука, Годунов беше испратен во куќен притвор, иако истражниот судија барал да биде ставен во затворски притвор.

Пред два дена, Голунов ги отфрли сите обвиненија за случај на обид за препродажба и неговата одбрана тврдеше дека не е докажано неговото учество во такви дејствија. Потоа министерот за внатрешни работи на Руската Федерација, Владимир Колоколциев, кој се согласи со тврдењата за немање докази, побарал од претседателот Путин да ги отстрани од должноста двајцата споменати полициски генерала.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.