Путин смета дека Русија може да го совлада коронавирусот за помалку од три месеца

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четвртокот дека земјата може да го победи новиот коронавирус за помалку од три месеца, доколку брзо ги воведи острите мерки за ограничувања, откако беа суспендирани сите летови кон и од Русија, што ќе важи од петок.

Градските власти на Москва најавија дека од викендот ќе бидат затворени сите продавници, освен оние во кои се продаваат прехранбени продукти и аптеките.

Русија во четвртокот го забележа најголемиот дневен раст на заразените лица – 182, и сега во земјата има вкупно 840 пациенти, кои се регистрирани во 56 региони во земјата. Досега оздравеле 38 пациенти, а досега се потврдени само два смртни исхода како последица од коронавирусот, и двата во Москва. Здравствените власти испитуваат уште најмалку два слуачаи на смрт на пациенти во поодмината возраст и со тешки хронични болести, за директна поврзаност со болеста Covid-19.

Во меѓувреме руското министерство за надворешни работи иницијално информираше дека на Куба починал руски државјанин кој се заразил во карипската земја, каде што бил хоспитализиран.

Тоа е многу помалку отколку во другите европски држави. Но Сергеј Собајнин градоначалникот на Москва, каде што до четвртокот се потврдени вкупно 546 случаи на заразата, Сергеј Собјанин, во вторникот го информираше претседателот Владимир Путин дека градските власти сметаат оти бројот на вистински инфицираните е далеку повисок отколку оние лица кои се пријавиле и службено се потврдени.

„Дефинитивно ќе излеземе од оваа ситуација…. Се надевам дека тоа ќе се случи за два, три месеца“, изјави Путин во текот на состанокот со претприемачите.

Министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, извести дека забрзано се подигнуваат 16 центри за прием на заболените, и дека првиот ќе биде завршен до 30-ти мај, а оти другите ќе бида функционални надјоцна до 16-ти мај, и оти ќе бидат вклучени во јавноздравствената инфрастуркура и во иднина.

Од 28-ми март до 5-ти април ќе бидат затворени сите продавници и трговски центри, освен аптеките и продавниците за храна. Нема да работат ниту рестораните и кафулињара, објави градоначалникот на Москва.

Од најновите рестрикции во воздухопловниот сообраќај, кој од почетокот на кризата е редуциран кон и од Европа, покрај затворањето на границите и сообраќајот со Кина и Јужна Кореја, ќе бидат изземени руските авиони кои од странство во земјата ќе ги враќаат руските државјани, како и странските кои имаат специјални дозволи, соопшти руската влада.