Путин смета дека треба да се насочува рап музиката

Рускиот претседател Владимир Путин во саботата во текот на средбата во Кремљ со неговите советници, изјави дека би требало да се избегнуваат крајностите со забрани во културата, како и да се насочува руската „рап“ музика и културата на младите, наместо да се прават обиди да се забрануваат.

Сопственици на клубови и сали и локални власти ширум Русија откажуваа во последниот период низа концерти, а популарниот руски рап музичар Хаски мина десетина денови во затвор. Ваквите обиди да се сузбие рап музиката предизвика голем јавни расправи последните месеци, особено меѓу помладата популација.

Претседателот Владимир Путин рекол дека таквите сериозни мерки често се контрапродуктивни и сугерирал поинаков пристап. Тој претходно седмицава повика да се објаснат причините за откажувањата или забраните на концертите на руските раперите како на Хаски, Елџеј, и групите IC3PEAK и Френдзон. Покрај тоа, Министерството за внатрешни работи мораше да демантира дека на полициските службеници им забранило да ги посетуваат концертите на изведувачите на рап музиката, а пред една седмица музичарите на темата откажувања или забрани на нивните настапи разговараа со пратениците во Државната дума.

Како одговор на критиките на споменатиот  музички правец, Путин потсети дека своевремено и валцерот се сметал за непристојност.

„Доколку е невозможно нешто да за сопре, тогаш тоа мора да го преземете“, изјави Путин на состанокот на неговиот совет за култура и уметност, кој беше директно пренесува на јавната телевизија.

„Како тоа да се изведе, како да се преземе надзорот над тоа и да се води во соодветен правец.. Тоа е најважното прашање“, рече рускиот челник додавајќи дека членовите на неговата администрација и на министерството за култура ќе продолжат да дискутираат за тоа.

Хаски, музичар кој „репува“ на руски јазик и во некои свои песни ги критикува властите, изјави претходно дека неговите настапи биле под притисок, бидејќи властите за некои негови текстови на песните приговарале дека се навредливи и непристојни. Откако му бил откажан концертот во јужниот град Краснодар, се обидел да ги изведе настапот од покрив на автомобил, па е уапсен поради хулигантство.

Неговото апсење и осудување на 12 дена затвор, предизвика гласни критики во јавноста а раперот беше порано ослободен благодарејќи на заземања на членови на администрацијата на претседателот Путин, објави на Twitter уредникот на телевизијата Russia Today.

Путин во саботата одговараше на изјавата на музичкиот продуцент и член на неговиот совет, Игор Матвиенко, за откажувањето на рап концертите. Матвиенко, меѓу другото, предложил создавање систем од препораки за родителите во врска со рап концертите.

Одговарајќи му на Матвиенко, Путин рече дека „Рече дека рапот почува на три столба: сексот, дрогите и протестите. Од сето тоа дрогите најмногу загрижуваат… Тие се патот кон пропаѓањето на нацијата“.

Путин се осврна и на прашањето како да се регулира непристојниот јазик, кој се користи во споменатиот музички правец. Рече дека за пцуењето разговарал со лингвистката Људмила Вербицкаја.

Матвиеннко, исто така, сугерирал воведување насоки за користење на простачките изрази и пцуењето во медиумите и на интернет, но Путин рече дека тоа е чувствително прашање, бидејќи таквите зборови се дел и од општата култура на Русите. „Таа лично ми кажа дека тоа е дел од нашиот јазик“, само прашање е како тоа го користите“, рече рускиот претседател.

Путин потоа шегобијно го спореди користењето на простачките зборови со деловите од телото. „Имаме секакви делови на телото, но не ги покажуваме секогаш кога е топло или студено… Траба да бидеме многу внимателно во врска со ова“, рече.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.