Путин со пораки до Трамп и Џонсон: Некогаш бевме заедно на првата линија, тоа искуство ние потребно и денес

Рускиот претседател Владимир Путин упати пораки до претседателот на САД, Доналд Трамп и до британскиот премиер Борис Џонсон по повод 75-годишнината од Втората светска војна.

Во пораката до Трамп, Путин наведува дека Русија и Америка можат многу да придонесат за глобалната стабилизација на првата борбена линија против глобалните предизвици.

„Русија и Америка денес се наоѓаат на првите борбени редови со глобалните предизвици. Следејќи ја традицијата на соработка, чии темели беа поставени за време на војната, дејствувајќи во ‘духот на Елба‘, нашите земји би можеле да направат многу за да обезбедат глобална безбедност и стабилност“, се вели во пораката.

Како што соопшти Кремљ, Путин нагласил и дека Русија се сеќава на придонесот на заедничката победа на сојузниците во антихитлеровската коалиција и додава дека советско-американската соработка на бојното поле никогаш нема да биде заборавена.

Во пораката до британскиот премиер Џонсон, Путин вели дека соработката за време на војната била непроценлива, што, според него, е потребно и денес.

„Големата победа е најважниот настан на 20. век и е од вечно значење за судбината на целото човештво. Победата беше постигната благодарение на заедничките напори на Советскиот Сојуз и земјите од антихитлеровската коалиција. Тоа непроценливо искуство многу ни е потребно и денес“, вели Путин.

Тој изрази уверување дека сеќавањето на братството од времето на војната може да послужи и за развој на конструктивен дијалог меѓу Велика Британија и Русија и соработка во борбата против современите предизвици.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.