Путин: Состојбата со пандемијата не се подобрува

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска предупреди дека ситуацијата со епидемијата со новиот коронавирус „не се подобрува“.

Тој побара да му се доставуваат дневни извештаи и прогнози за ситуацијата. Путин најави и дека армијата може да биде вклучена во мерките против Ковид-19, вклучително и помош од воено-медицинскиот персонал.

Во поголемиот број руски региони се воведени слични мерки како и во Москва, при тоа препорачувајќи им на граѓаните да не ги напуштаат домовите ако е неопходно.