Путин: Според експертски оцени Русија е лидер во глобалната декарбонизација

156

Русија, според процените на странските стручњаци, е еден од лидерите во глобалната декарбонизација и во земјата со добро темпо се развива нискојаглородната енергетика, изјави во неделата претседателот Владимир Путин во обраќањето преку видео-врска на самитот на Г20 во Рим.

„Според меѓународните експерти, Русија е еден од лидерите во процесот на глобалната декарбонизацијата. Во текот на изминатите 20 години, јаглеродниот интензитет на нашата економија се намалува во просек за 2,7 отсто на годишно ниво, а тоа е повеќе отколку во светот како целина, дури повеќе отколку во земјите од Г7“, изјави Путин.

Според него, во Русија „денес уделот на енергијата од практичните безјаглеродни извори, а како што знаеме тоа се нуклеарните централи, хидроцентралите, ветерните и сончевите централи, надминуваа 40 отсто, а земајќи го предвид природниот гас, гориво кое е со најниска содржина на јаглерод меѓу јаглеводородите, овој удел изнесува 86 отсто. Тоа е еден од најдобрите показатели во светот“, истакна Путин.

Рускиот челник смета дека не е доволно само да се намали обемот на емисиите на гасовите коишто го предизвикуваат ефектот на стаклената градина, туку неопходно е да се зголеми нивното апсорбирње, а Русија во оваа сфера има голем потенција.

„Би истакнал, исто така, дека според нашето мислење не е доволно само да се намалат емисиите за да се реши проблемот на глобналното затоплување. Неопходно е да се зголеми апсорпцијата на стакленичките гасови и тука Русија, како и бројни други земји, имаат колосални можности“, рече Путин.

Појасни дека предвид го има апсорбирачкиот потенција на шумите, турндрите, земјоделските површини, морињата, мочуриштата…

„За целосно искористување на овој постоечки потенција, планираме значително да го подобриме квалитетот на управувањето со шумите, да ги зголемиме површините кои се пошумуваат, да ја прошириме територијата на недопрената природа и да воведеме нови земјоделски технологии“, рече Путин.

Рускиот претседател потсети дека неговата земја неодамна донесе одлука за спроведување нова програма за подобрување на енергетската ефикасност на економијата до 2035 година, што според Путин ќе стане важен елемент за постигнување на целта за осигурувањето на ткн јаглеродната неутралност не подоцна од 2060 година. Притоа истакна дека Русија јавно објави дека си презема таква обврска и оти не само што сака да постигне јаглородна неутралност, туку и да дејствува следните три децении акумулираниот обем на нето емисите на стакленичките гасови да е помал од, на пример, во некои земји од Европската унија.

„Ова е целосно решлива задача за нас. Очекуваме да изградиме долгорочни планови со сите партнери, кои ќе ги спроведеме како приоритети во енергетскиот сектор врз принципите на технолошката неутралност, објективни земајќи ја предвид јаглеродната трага на различните видови генерации“, рече Путин истакнувајќи како пример дека јаглеродната трага на сончевата енергија, според научните податоци, е четири пати поголема од онаа на нуклеарната енергија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.