Путин: Спречен најтешкиот можен исход, наредните денови ублажување на мерките во Москва

25

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека Москва, која беше епицентар на пандемијата од коронавирус, успеа да го спречи најтешкиот можен исход и сега градот планира во наредните денови да ги ублажи блокадите.

Путин во разговор со градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин преку видеоконференција нагласи дека очигледно ситуацијата во градот се стабилизираше благодарение на навремените потези на власта.

Според неговите зборови, сега е време Москва да им пружи помош на регионите во кои коронавирусот и натаму е силен.

-Ситуацијата во Москва, како и во другите делови од земјата, полека се стабилизира. Бројот на заболени од коронавирус во Москва е преполовен. Повеќе луѓе се отпуштени од болница отколку примени, наведе Путин.

Собјанин го извести Путин за плановите за ублажување на блокадите во Москва од 1. јуни.

Руските власти претходно пријавија 8.338 нови случаи од коронавирус, со што бројот на заразени е зголемен на 370.680. Во Русија од ковид-19 починаа 3.968 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.