Путин страда од две сериозни болести – има рак и Паркинсова болест

153

Рускиот претседател Владимир Путин има рак и Паркинсова болест, пренесуваат британски медиуми повикувајќи се на извесни политички аналиттичари.

На почетокот на овој месец, рускиот научник и историчар Валери Словеј тврди дека претседателот Путин е сериозно болен и дека во февруари бил подложен на итна операција за рак.

Покрај тоа, тој рече дека, наводно, Путин ќе се повлече од власта следната година поради здравствени проблеми.

“Кога станува збор за втората дијагноза, Паркинсоновата болест е далеку посериозна бидејќи не влијае многу на физичката состојба, но ги ограничува јавните настапи. Тоа е фатална дијагноза”, рече научникот додавајќи дека тој не бил лекар и не може да даде прецизни детали.

Според извештаите на медиумите, други извори од Русија навеле дека Путин бил опериран од рак на желудник.

Кремљ ги демантираше сите овие тврдења, велејќи дека Путин се чувствува многу добро.

Дури и ако Путин наскоро се повлече од функцијата претседател, прашањето е кој би бил достоен заменик.Поранешниот претседател Дмитриј Медведев и министерот за земјоделство Дмитриј Патрушев се сериозни кандидати, а се шпекулира дека голема улога на чело на државата може да има и ќерката на Путин, Катерина Тихонова.

Да потсетиме, пред неколку дена се појави видео на кое се гледа како Путин има напад на кашлица за време на видео состанок, а Кремlin мораше да реагира, велејќи дека претседателот се чувствува одлично.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.