Путин: Стратешкиот арсенал на Русија е одбранбен, но се зголемува опасноста од нуклеарна војна

Се зголемува опасноста од нуклеарна војна, предупреди во средата рускиот претседател Владимир Путин повторувајќи дека Русија својот нуклеарен арсенал го смета исклучително за средство за одвраќање и оти „не го загубила умот“ да се заканува со него.

Меѓутоа, Путин повтори дека Русија ќе го брани својот територијален интегритет и суверенитетот, како и нејзините сојузници“ со „сите достапни средства“.

Идентичната изјава на рускиот челник летото на Западот предизвика оцени и критики дека Путин наводно се заканува со нуклеарно оружје, иако десетина дена пред таа изјава сега веќе поранешната британска премиерка Лиз Трас јавно во изјави за медиумите повикуваше на ткн „превентивен нуклеарен удар“ на НАТО врз Русија.

Путин додаде дека токму САД а не Русија го распоредуваат ткн „тактичко“ нуклеарно оружје во другите земји.

Путин на состанокот на неговиот Совет за човекови права зборуваше за злоставувањата на руското и рускојазичното население во Украина и воените заробеници и злосторствата на ниво на „геноцид“, за цинизмот на меѓународните организации, за руските национални интереси, за обидите за уривање на руската култура итн.

Но истовремено, во обраќањето коешто го пренесуваше телевизијата, повтори дека се зголемува ризикот од нуклеарна војна, но посочи дека руската доктрина својот стратешки арсенал го смета исклучива како средство за одвраќање, а не со него првата да нападен.

„Односно, кога ќе извршат напад врз нас, ние возвраќаме“, рече Путин, посочувајќи ја моќта и предноста на рускиот стратешки арсенал.

„Опасноста од нуклеарен судир, да бидам искрен, расте. Но не сме го загубиле разумот, свесни сме што значи нуклеарното оружје. Тие средства ги поседуваме во понапреден и помодерна форма од која и да е друга нуклеарна земја… Но нема да трчаме по светот и да мавтаме со тоа оружје како со брич“, рече Путин.