Путин: Шверцот на нафта од ИД во Турција треба да биде примарна мета

Смелиот и дрзок шверц на нафта на Исламска Држава во Турција треба да стане примарна мета, со цел да се разбие терористичката група, изјави рускиот претседател Владимир Путин на заедничката пресконференција со францускиот претседател Фрнасоа Оланд. И двајцата претседатели се согласни дека најпрво треба да се „удри“ врз изворот на финансии на терористите, пренесува „Раша Тудеј“.

Путин рече дека шверцот на нафта што се одвива на комерцијално ниво од териториите што се под контрола на ИД во Турција мора да биде прекинат.

Возила, носат нафта наредени во низа одат зад хоризонтот, рече Путин потсетувајќи дека овој проблем бил дискутиран на самитот Г20 во Анталија претходно овој месец, каде тој ја покажал фотографијата фотографирана од страна на руските пилоти.

Дење и ноќе тие одат во Турција. Камионите секогаш одат таму полни, а се враќаат празни, рече Путин.