Путин и Трамп утре телефонски ќе разговараат

206
разговор

Да, потврдува дека утре ќе има телефонски разговор, рече Песков, јави ТАСС.

Американските телевизии Си-Ен-Ен и Ен-Би-Си јавија претходно дека двајцата претседателите ќе разговараат телефонски в сабота, прв пат откако Трамп стапи на должност на 20 јануари.

Претходно Трамп повеќе пати изјави дека сака да ги подобри односите со Русија, кои се на најниска точка од Студената војна.

Вашингтон ја обвинува Москва дека се обидела со кибер напади да влијае врз исходот од претседателските избори во САД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.