Путин: Третата светска војна би била крај на цивилизацијата

Третата светска војна би била крајот на цивилизацијата, изјави рускиот претседател Владимир Путин на годишната телевизиска “директна линија” со граѓаните. Според него, тоа мора сите да го разберат и тоа е онаа што би требало да ги натера да престанат со конфликтите.

Како што објасни Путин, стравот од меѓусебно уништување, како и стратешкиот паритет ги натерале светските сили да се почитуваат едни со друг од крајот на Втората светска војна. Затоа Путин ги повика светските сили да се повлечат од глобалните конфликти и рече дека сите треба да седнат за преговарачка маса и заедно да најдат решение кое ќе ја гарантира европската безбедност.

Не знам со што ќе се води Третата светска војна, но четвртата ќе се води со стапови и камења, рече Путин, цитирајќи го научникот Алберт Ајнштајн.

Според него, американското повлекување од антибалистичкиот договор е обид да се прекине стратегискиот паритет, но Русија има одговор: модерните системи на руското оружје кои се веќе распоредени.

Говорејќи за санкциите што Запад ги наметна за Русија, Путин рече дека САД се однесувале како “економски полицаец”.

Дали ЕУ чека на дозвола од САД да ги укине антируските санкции. Во Русија  тие гледаат закана, гледаат дека Русија станува конкурент. Ова е погрешна политика бидејќи соработката ќе доведе до економски раст во целиот свет се надевам дека западните партнери ќе почнат тоа да го разбираат, рече Путин.