Путин: Тврдењата дека Турција незнаела дека авионот е руски се само изговор

Претседателот на Русија Владимир Путин ја исклучи можноста дека Турција не била во можност да го идентификува авионот, додавајќи дека тоа е само изговор.

Оваа изјава Путин ја даде по разговорот со претседатлот на Франција, Франсоа Оланд, пренесува ТАСС.

Невозможно е турските вооружени сили наводно да не можеле да ги идентификуваат нашите четири авиони. Нема шансзи за тоа. Тие ги имаат неопходните воени ознаки што добро се гледаат. Јасно е дека е работи за нашиот авион, а не за некој друг, нагласи Путин.

Тој додаде дека Москва не планира да се меша во судбината на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Тоа апсолутно не е наша работа, тоа е грижа на турдкиот народ, рече Пути на заедничката пресконференција со Оланд, во одговор на прашањето дали турксиот претседател би требало да поднесе оставка.

Според рускиот претседател Владимир Путин, кој бара од Анкара извинување за инцидентот и компензација за направената штета, Турција е дел од меѓународната коалиција, што ја предводи САД, во борбата против Исламска држава (ИД) и нејнзите воени сили морале да знаат дека руските авиони дејствуваат во реонот каде беше соборен „Сухојот“.

Што ќе се случеше доколку авионот беше американски, дали тоа значи дека и тој ќе беше соборен, рекол синоќа претседателот Путин.

Рекацијата на Москва и на рускиот претседател доаѓа по интервјуто на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, за француската телевизија Франс-24 во кое тој изјави дека „можеби поинаку би се реагирало, доколку се знаело дека станува збор за руски авион“.

На почетокот од руското вклучување во бомбардирањето на позициите на ИД во Сирија, воените команди на Русија и САД се договорија да соработуваат околу коордирањето на дејствијата против џихадистите, за да не дојде до некаков воздушен инцидент.

Москва сега тврди дека според тој договор, од руска страна на Американците им се дадени координатите и податоците за тоа каде ќе дејствуваат руските авиони, на која висина и во кои реони.