Путин: Украина е одговорна за падот на авионот

Рускиот претседател, Владимир Путин изјави дека украинските власти се одговорни за падот на патничкиот авион на „Малезија ерлајнс“ над источна Украина.

Тој истакна дека несреќата не би се случила доколку Киев не ја започнеше офанзивата против проруските сили на исток на државата.

„Оваа трагедија немаше да се случи ако на ова подрачје владееше мир или барем воените операции да не беа во тек, рече Путин и додаде дека нема сомнеж дека владата на државата, над која се урна авионот е виновна за оваа страшна трагедија.

Тој истакна дека побарал од својата влада да направи се што е можно, за да помогне во истрага на инцидентот.

„Ќе направиме се што е можно за да се добие објективна слика за она што се случи. Оваа несреќа е потполно неприфатлива“, изјави рускиот претседател.