Путин потпиша соодветен указ, кој беше објавен на рускиот официјален сајт за правни информации.
Оваа доктрина претставува систем од официјални ставови за обезбедување на националната безбедност на Руската федерација во информациската сфера, стои во документот.
Во текстот се предупредува дека серија земји ги зголемуваат нивните можности за влијание врз руската информациска инфраструктура и ги засилуваат дејствијата за техничко разузнавање во руските државни органи, научно организации и претпријатија со обранбено-индустриски карактер.
Тоа е еден од основните негативни фактори, кој влијае на статусот на информациската безбедност во Русија, се наведува во доктрината.