13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Путин: Во деведесеттите години работев како таксист

Рускиот претседател Владимир Путин денеска оцени дека Русија во 1990-тите била во граѓанска војна.

„Ситуацијата беше многу тешка и се однесуваше на внатрешната состојба на целата држава, на сите нејзини компоненти. Се однесуваше на економијата, политиката, спроведувањето на законот, војската… Во суштина, имаше граѓанска војна во земјата“, рече Путин во документарниот филм „Русија. Нова историја“, кој беше прикажан на ТВ Русија 1.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека западните земји во 1990-тите мислеле дека Русија ќе се распадне и дека тоа е само прашање на време.

На изјавата на новинарите дека во тие години во Русија многу експерти тешко заработувале за живот, Путин рекол дека и самиот морал да работи како таксист, пренесува РИА Новости.

Во филмот „Русија. Нова историја“, прикажан на ТВ „Русија 1“, Путин рече дека видел видео-мапи на кои се гледа Русија поделена на неколку независни држави, пренесува РИА Новости.

Во случај на распад на Русија, последиците би биле многу подраматични и покрвави отколку во поранешна Југославија, посочи рускиот претседател.

„Дефинитивно може да се каже дека би се чувствувале многу лошо, би се бореле да преживееме, наместо да го зголемуваме наталитетот. Трагичниот пример на Југославија покажува дека, ако го поминевме истото, и знаејќи го менталитетот на нашиот народ и не само Русите, туку и сите луѓе што живеат во Русија, конфликтите би биле многу поопасни и покрвави отколку во Југославија“, рече Путин, пренесе ТАСС.

Рускиот претседател изјави дека би сакал лице в лице да се сретне со својот американски колега Џозеф Бајден, пренесе рускиот ТВ канал „Русија 1“.

„Дефинитивно ќе се сретнеме во живо, јас би го сакал тоа“, рече Путин како одговор на зборовите на неговиот американски колега дека му е жал што двајцата не се сретнале на самитот на Г-20 во Рим, пренесе ТАСС.