Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека времето кога САД и Русија одлучувале за сè е минато.
Тој изрази подготвеност да разговара и со други земји за глобалните проблеми ако се јави таква потреба.
Путин истакна дека Кина и Германија се движат кон статус на суперсили во смисла на своето политичко и економско влијание, објави руската новинска агенција „Интерфакс“.
Во пресрет на претседателските избори во САД на 3 ноември Путин вели дека се надева оти новата администрација ќе биде подготвена за дијалог за безбедност и контрола на нуклеарното оружје.
Путин предупреди дека нема да има иднина без систем за контрола на оружјето и додаде дека безбедноста на Русија нема да страда без договор за контрола на оружјето.
Исто така, рускиот претседател ги повика Соединетите Американски Држави да ѝ помогнат на Русија да постигне решение за конфликтот во Нагорно-Карабах, каде што, според Путин, загинаа речиси 5.000 луѓе.
„Има многу жртви, повеќе од 2.000 од секоја страна“, рече Путин.