Путин за Богојавление се капеше во ледено езеро

Русите според православната традиција и оваа година масовно се капе ноќта кон петокот во замрзнатите реки и езера во екстремно студените услови кои некои локални власти ги натераа да го откажат ритуалот со кој се одбележува празникот Богојавление – Водици.

Рускиот претседател Владимир Путин ги придржуваше свештените лица и гол до половината влезе во ледената вода на езерото Селигер, северозападно од Москва, на минус 5 Целзиусови степени.

Бројни Руси и оваа година се капеа на температури и до – 40 Целзиусови степени во Јакутса, на рускиот Далечен исток, соопшти министерството за вонредни состојби, засега ненаведувајќи го бројот на учесниците. Во 2017 година повеќе од два милиона Руси учествуваа на овој верски празник кој се одржува секоја година ноќта од 18-ти кон 19-ти јануари.

Според православната традиција, треба да се нурне во водите трипати, во името на Отецот, Синот и Светиот Дух, во спомен на крштевањето на Исус.