Путин задоволен од првата средба со Зеленски

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во понеделникот вечерта дека е задоволен од резулатите од состаноците кои ги имаше во текот на денот во Париз, во рамките на смитот во ткн формат на „Нормандиската четворка“, чија цел е постигнување решавање на конфликтот во југоисточна Украина.

Одговарајќи на новинарско прашање на поставено веднаш по средбата со украинскиот претседател Владимир зеленски, Путин на англиски јазик кусо одговорил „Да, јас сум задоволен“, минувајќи низ салата за прес-конференции. Според рускиот челник, средбата со Зеленски минала „добро и работно“, пренесуваат агенциите.

Првите разговори меѓу двајцата челници се одржаа на маргините на самитот на „Нормандиската четворка“ во Елисејскиот дворед во Париз, резиденцијата на францускиот претседател. Путин и Зеленски досега се немаа сретнато, а имаа само неколку телефонски разговори откако сатиричарот победи на претседателските избори во Украина.

Неименувани извори од Елисејскиот дворец рекле дека средбата во четири очи меѓу Путин и Зеленски траела 15 минути. Претходно биле одржани билатерални разговори во проширен резултат, за што сѐ уште нема официјални изјави.

Рускиот и украинскиот челник разговарале и за проблемите со извозот на рускиот гас во Украина и транзитот преку нејзиниот гасоводен систем. На средбата присуствувал и извршниот директор на украинската компанија „Нафтогаз“, Јуриј Витренко, кој преговорите ги оценил како конструктивни. Според него, Москва и Киев се согласиле да ги продолжат преговорите за изнаоѓање решение во полза на двете страни.

Агенциит претходно објавија дека по серијата билатерални разговори во Елисејскиот дворец, Путин и Зеленски влегле во предвидената просторија за состаноци со францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, како што се истакнува во извештаите, „избегнувајќи го контактот со очи и без ракување за камерите, а кое со нетрпение се очекуваше“.

По средбата на Путин и Зеленски започнала работната вечера на челниците од „Нормандиската четворка“, која ја сочинуваат Украина, Русија, Франција и Германија. Од кабинетот на Зеленски, исто така, кусо споопштиле дека преговорите на лидерите на земјите ќе продолжат.

Дипломатите сепак се претпазливи кога станува збор за резултатите од состанокот. Зеленски најави дека не сака да дава преголеми отстапки, а за Путин е познато дека не сака надворешни притисоци, потсетуваат.

Самитите во ткн „Нормандиски формат“, според францускиот регион каде што првпат во 2014 година беа одржани во текот на одбележувањето на годишнината од сојузничката инвазија на Нормандија во Втората светска војна, досега не се одржаа од 2016 година.

Овие преговори кои беа во застој од 2016 година, беа овозможени откако Киев ја прифати ткн формула на (поранешниот германски министер за надворешни работи Франк Валтер) Штајнмаер и започна повлекување на своите сили од областа на судир со регионот Донбас, што го сторија и силите на одметнатите самопроглесени рускојазични републик Донецк и Луганск. За најважна средба на квартетот бепше онаа во белоруската престолнина Минск во февруари 2015 година, кога беа фиксирани ткн договори од Минск.