Путин: Лично го избрав Сочи за Олимпијадата

Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека своевремено лично го избрал Сочи за место каде што ќе бидат одржани Олимписките игри.

Путин, во документарецот кој го снимаше руската државна телевизија изјави дека членовите на Меѓународниот олимписки комитет го поддржале барањето на Русија во 2007 година да биде домаќин на на Олимпијадата, како што ја поддржуваат и денешна Русија.

Дел од филмот бил емитуван синоќа, а филмот целосно ќе биде емитуван по отворањето на игрите на 7 февруари.

„Посебно ми е драго да видам што се случува овде, бидејќи лично ја избрав оваа локација,“ изјави Путин.

Рускиот претседател лично се ангажирал во поднесување на барање за одржување на ЗОИ во Сочи, и како што забележа француската агенција, нешто што ретко се случува по Втората светска војна.