Р’ѓавата алхемија на Героски

104

Психологијата како наука совршено точно ја опишува дезинтеграцијата на мисловните процеси и на емотивната реакција на една индивидуа.

Неповрзан говор и мислење, лесно менливи ставови, придружени со значителна социјална и професионална нарушеност, потоа аудитивни халуцинации, параноични или бизарни илузии се особености кои ја „красат“ ваквата индивидуа.

Оваа индивидуа уште е позната и како двојна личност.

Македонското опозициско новинарство, пак, изобилува со вакви појави. Особини со кои може да се „пофали“ и опозицискиот лидер.

Тоа најмногу дојде до израз во периодов на политичка криза во земјава, која ја предизвика опозицискиот СДСМ, пред се’ водејќи се од својот злобен план како да дојде на власт, ама без поддршка на народот и без избори.

Факт е дека најкарактеристична индивидуа со ваков опис во македонското новинарство е Бранко Героски.

Уште пред да отпочнат средбите со европските претставници, човекот се обиде да го подготви опозицискиот блок, дека можно е и да има пораз во процесот, иако претходно постојано, убедливо, цврсто и упорно тврдеше дека владата и власта на Груевски заминува. Кусо време потоа порача дека Груевски сепак ќе си ја задржи Владата. Па, најави дека на Хан ќе му се каже да се збогува со Груевски. Па, дека повторно Груевски останува, но дека ја купува наклонетоста на Брисел и на Вашингтон со нови ветувања дека ќе го реши спорот за името.

По потпишување на договорот во Скопје меѓу политичките лидери во земјава, на средбата која ја имаа со еврокомесарот Јоханес Хан, и со амбасадорите на САД и на ЕУ, остана збунет, па јавно побара некој од СДСМ, ако е можно и Зоран Заев лично, да му го објасни тоа што го договориле. Очигледно доказ дека во тој период никој од опозицијата не го есапел.

Во меѓувреме ја објави и дезинформацијата дека преодна влада ќе ги организирала изборите во април 2016 година. Па, повторно се врати на фамозниот договор и тоа со тврдење дека всушност вистински договор нема, а нема ни да има, иако е познато дека и Заев и Груевски потпишаа договор, и тоа во кој никаде не се споменува ниту преодна ниту техничка, ниту пак транзициска влада. Но, Геровски напиша: „Провладините мегафони лажат, во текстот на договорот се спомнува транзициска влада“

По изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан, дадена во Вашинготн, тој повторно се поби самиот себе си во тврдењата за некакви технички и преодни влади. Напиша дека владата останува.

„Јасно е што кажува Хан – нема причина да се менува премиерот избран на генерално позитивни избори“.

Но, очигледно бесен од изјавата на Хан, Героски јавно побара СДСМ да ги прекине преговорите. Интересно е што овој пат, СДСМ го есапеше, па Заев јавно обелодени дека нема да оди во Брисел на 10 јуни. Героски радосно ја поздрави одлуката на политички дезориентираниот градоначалник на Струмица.

Потоа, следуваше уште еден остар лупинг на Заев. По телефонскиот разговор со Хан, тој се предомислил и одлучил сепак на 10 јуни да се појави во Брисел. Героски, пак, кршењето на кичмата на Заев, се обиде да го спинува и да го претстави како триумф.

„Значи, вака, другари од СДСМ. Видовте дека кога се настапува тврдо и принципиелно, работите се менуваат во ваша корист“, напиша тој.

И повторно следува објавување на дезинформација од негова страна, односно дека Хан наводно потврдил оти на 10 јуни ќе се зборувало за преодна влада.

Човештвото памети дека многумина се обидувале да ја совладаат најмистериозната наука – Алхемијата.

Некои успеале, но некои не.

Героски спаѓа во вторите. Нему, сепак очигледно е дека алхемијата не му оди од рака, иако тој упорно и упорно се обидува. Повторно и повторно. Не се откажува.

Но, наместо злато му излегува р’ѓа!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.