Рајан Гослинг жали што колешките од филмот „Barbie“ не се номинирани за Оскарите

Годинешното доделување на најпрестижните филсмки награди Оскарите веќе предизвикува контроверзите коишто го следат филмот „Barbie“, номиниран во категоријата најдобар филм, а номинација заработи и Рајан Гослинг, за разлика од неговите колешкии, актерката Маргот Роби и режисерката Грета Гервиг. Поради ова Гослинг јавно го изрази своето незадоволство.

Филмот беше голем хит меѓу обожавателите во летото 2023 година. Маргот Роби ја толкува главната женска улога. Но, обожавателтие останаа збунети со оглед на тоа што Рајан Гослинг, кој ви филнот го игра Кен, е номиниран во категоријата најдобар спореден актер, но Маргот и Грета не се во нивните категории.

И Гослинг беше изненаден што за улога во филмот, како што се тврди, ангажиран на зајакнувањето на жените, Академијата го номинираше само него во споредна машка улога.

„Почестен сум што ме номинираа моите колеги покрај толку извонредни уметници во толку многу одлични филмови. Никогаш не мислев дека ќе го кажам ова, но морам да кажам дека сум неверојатно почестен и горд што бев номиниран за портретирањето на пластичната кукла по името Кен“, ја цитира британски The Mirror изјавата на Гослинг по објаввањето на номинациите.

„Сепак, нема Кен без Барби, и нема филм за Барби без Грета Гервиг и Маргот Роби, двете жени кои се најзаслужни за овој филм што создава историја. Признанијата на филмот не би биле можни без нивниот талент, решителност и генијалност. Малку е да се каже дека сум разочаран што девојките не беа номинирани во нивните категории“, изјави актерот.

„И требаше да добијат признание за нивната работа. Многу сум среќен за Америка Ферера, номинирана во категоријата најдобра споредна женска улога, и другите неверојатни уметници кои придонесоа со својот талент овој револуционерен филм да стане реалност“, додаде Гослинг.