Рајо во продолжението до трите бода со Елче

Во последниот натпревар од седмото коло на шпанското фудбалско првенство, тимот на Рајо Ваљекано на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски во финишот го совлада Елче со 2:1.

Гостите поведоа во 32 минута со погодокот на Лукас Боје, но до крајот на првиот дел домаќините успеаја да израмнат, откако во 40 минута погоди Серхио Камељо. Во вториот дел настојувањата на Рајо да дојде до трите бода резултираа дури во петтата минута од судиското продолжение, кога погоди Унаи Лопез.

Рајо Ваљекано сега е на 10-то место на табелата со десет бодови, а Елче останува закован на дното без ниедна победа и само едно реми.

На врвот на Ла Лига е Барселона со 19 бодови, колку што има и Реал Мадрид, но Каталонците имаат подобра гол-разлика. Ги следат Атлетик Билбао со 16 и Реал Бетис со 15 бодови.