Рабио дефинитивно во Јувентус

Дваесет и четиригодишниот француски фудбалер Адриен Рабио дефинитивно минува во редовите на Јувентус, објави во понеделникот италијанскиот првак.

Пораншениот играч за врска на Пари Сен Жермен веќе се наоѓа во Торино на лекарски прегледи, по кои би требало да потпише петгодишен договор во вредност од 35 милиони евра, со дополнителни 10 милиони евра бонус бедејќи ја избрал „Старата дама“.

Рабио доаѓа во Јувентус откако му систеќе договорот со францускиот шампион. Зад овој одличен игреч е многу лоша сезона, бидејќи во вториот дел од неа беше исфрлен од ПСЖ затоа што не сакаше да потпише нов договор. Голем интерес за него покажаа и Барселона, Арсенал и Манчестер Јунајтеед, но очигледно понудата од Апенините била најбогата.

Младиот французин е третото засилување на Јувнетус за новата сезона, по доаѓањата на Арон Ремзи од Арсенал и Лука Пелегрини од Рома.

Италијанските медиуми наведуваат дека Јувентус го договорил и трансферот на 19-годишниот бек на Ајакс, Холаншанецот Матијс де Лихт, кој со „Копјаниците“ годнава беше најголемото откритие во Лигата на шампионите. Според шпекулациите, Јуве на амстердамскиот клуб ќе му плати отштета од 79 милиони евра, додека де Лихт ќе има годишна плата од 8 милиони евра, плус четири милиони евра бонуси.