Рабојништва и физички напади во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на изминатиот ден и ноќта примил неколку пријави за рабојништва и физички напад, во кој оштетени се малолетничка, млад охриѓанец и киоск/

Деветнаесетгодишен жител на Охрид утринававо 2:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје пријавил дека дента околу 00:50 часот физички бил нападнат од страна на четири лица пред угостителски објект на улицата „Живко Чинго“.

Претходно во петокот попладнето, жена од скопското село Визбегово пријавила дека околу 15:30 часот од непознато лице било извршено разбојништво врз нејзината ќерка. Разбојништвото се случило на улицата „Гиго Михајловски“ при што и’ бил одземен мобилен телефон.

Во Секторот за внатрешни работи Скопје, исто така, вчера во 19:55 часот било пријавено дека непознат сторител извршил разбојништво во киоск на улицата „11 Октомври“, при што одзел околу 15.000 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.